Ливерпул го игра првиот меч без Жота, бура од емоции и на теренот и на трибините! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Денеска Ливерпул игра пријателски меч против Престон, нивниот прв во подготовките и прв по смртта на Диого Жота.

На мечот има силни емоции, натпреварот почна со една минута молчење, а претходно се случи и емотивно пеење на химната на Ливерпул.

Пред почетокот на мечот капитенот на Престон, Бенџамин Вајтмен се упати пред навивачите на Ливерпул и остави букет цвеќе. Се поклони и изрази сочувство за починатите Андре и Диого Жота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×