Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа петтата победа во исто толку натпревари во Премиер лигата, откако славеа во „Дербито на Мерсисајд“ против Евертон со 2-1 (2-0).
Домаќинот на „Енфилд“ овојпат без преголема драма успеа да го совлада градскиот ривал. Иако повторно не ја сочуваа мрежата, најважни за момците на Арне Слот беа новите три бода на контото.
Рано „црвените“ го скршија гостинскиот отпор, бидејќи Рајан Гравенберг стрела за 1-0 по десет минути игра по асистенција од Салах. Пред истекот на првиот половина час Хуго Екитике успеа да ја удвои позитивата, а овојпат стрелецот на првиот гол Гравенберг беше асистент.
На стартот на вториот дел Идриса Геј го врати Евертон во игра, намалувајќи на 2-1 во 58. минута. Сепак, до крајот на средбата „карамелите“ немаа сили да го загрозат шампионот и забележаа пораз.