Ливерпул гази а навивачите се препукуваат, Салах го славеше голот на Фирмино или беше лут?! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Црвените“ имаат
одличен старт во новата сезона, во Премиерлигата забележаа пет победи на исто
толку натпревари, а вчера го совладаа ПСЖ во воведното коло од Лигата на
шампионите.

Ливерпул не бил
ваков долги години, но тоа не ги спречи навивачите да се препукуваат на
социјалните мрежи. Изминативе денови се замараа дали има љубомора помеѓу Мане и
Салах откако Сенегалецот против Тотенхем во два-три наврати не му подаде на
својот колега во нападот кој беше во солидна ситуација за гол.

Египјанецот потоа
беше приморан да демантира и да порача дека односот помеѓу него, Мане и Фирмино
е одличен и нема љубомора во напаѓачкото трио.

Сепак, Слах
синоќа се најде на удар на фановите откако се појави кратко видео од неговата
реакција по голот на Фирмино во 93. минута со кој Ливерпул го победи ПСЖ во
првото коло од Лигата на шампионите.

Салах нервозно
фрли шише со вода, па веднаш беше обвинет дека не е баш најсреќен што неговиот
соиграч постигнал гол.

Сепак, неколку
часа подоцна се појави ново подолго видео во кое се гледа дека Салах всушност
го прославил голот, и откако топката ја затресе мрежата, тој ги крена рацете во
воздух. Оние кои го бранат Египјанецот сметаат дека на играчот му паднал камен
од срце бидејќи тој беше виновен за голот на Мбапе со кој ПСЖ изедначи на 2-2,
па му олеснало кога Фирмино погодил и затоа го фрлил шишето.

Останува да се
види дали нешто навистина не штима во форот на „Црвените“ или пак можеби
навивачите не се навикнати нивниот тим вака да гази, па бараат проблеми и онаму
каде ги нема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×