Ливерпул е подготвен повторно да го сруши клупскиот рекорд за трансфер и да упати понуда за Џуд Белингам, тврдат шпанските медиуми.
Според „Фихајес“, клубот од „Енфилд“ е подготвен да понуди 156 милиони фунти, односно 184.08 милиони евра за ѕвездата на Реал Мадрид.
Доколку дојде до реализација, овој трансфер би бил втор најскап во историјата на фудбалот, веднаш зад преминот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра. Во моментов нема индикации дека Реал е подготвен да преговара, но Ливерпул наводно сака да ја тестира цврстината на мадридскиот клуб.
Таков договор би значел и историски момент за британскиот фудбал, особено ако се има предвид дека Ливерпул веќе во 2025 година плати 125 милиони фунти за Александер Исак.