Ливерпул е на пат повторно да го урне сопствениот рекорд, овој пат за ѕвезда од Бундеслигата

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесуваат дел од англиските медиуми, се наведува дека
бундеслигашот Лајпциг кој беше вистинска сензација во Германија изминатата
сезона ќе добие богатство за својот најдобар фудбалер, интернационалецот од
Гана, Наби Кеита.

Наводно,
германскиот стратег од клупата на премиерлигашот Ливерпул, Јирген Клоп го пикирал
Кеита како приоритетно засилување за ова лето.

Лајпциг одигра
одлично во случајот со 22 годишниот фудбалер, кого го ангажираше лани за сума
од 15 милиони евра, Ганецот има важечки договор со германскиот тим до 2020. година,
на трансфер пазарот вреди 27 милиони евра (извор
: трансфермаркет).

Ливерпул за
услугите на Кеита наводно е подготвен да издвои фантастични 57 милиони евра.

Со тоа, премиерлигашот има намера да го урне сопствениот рекорд во однос на засилувањата, откако ова лето го официјализира трансферот на Мохамед Салах, кој пристигна од редовите на Рома за сума од 50 милиони евра.

Кеита изминатата
сезона одигра 31 натпревар за својот клуб, на кои постигна 8 погодоци, имаше и исто толку асистенции.

Лајпциг со 67
бода, заврши како вицепрвак на Германија, заостанувајќи 15 бода зад шампионот
Баерн Минхен, заврши пред Борусија Дортмунд со три бода разлика. Тимот од
Лајпциг избори директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите за
следната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани