286
Хуго Екитике е пред трансфер во Ливерпул, бидејќи англискиот клуб се договори со Ајнтрахт Франкфурт.
Постигнат е договор за сума која надминува 90 милиони евра, а со бонуси може да се искачи до 95 милиони.
Францускиот напаѓач наводно ќе потпише шестгодишен договор со важност до јуни 2031 година, а од блиски извори се дознава дека инсистирал само на трансфер во Ливерпул. Ова се смета за голем потег на Арне Слот, кој ќе добие нов голгетер во срцето на неговиот проект со „црвените“.
Во минатата сезона Екитике одигра 48 натпревари, а постигна 22 погодоци и подели 12 асистенции.