574
„Црвените“ ќе можат да ја зголемат понудата за ангажман на Александер Исак откако договорија продажба на младиот Бен Доак во Борнмут за одлични 25 милиони фунти.
Александер Исак останува главната трансфер цел на Ливерпул до крајот на преодниот рок а „црвените“ сега добија и нова артилерија за потписот на напаѓачот.
Неколку извори пренесуваат дека клубот од Енфилд договорил продажба на младиот Бен Доак во Борнмут за одлични 25 милиони фунти.
Сумата е прилично солидна ако се знае дека 19 годишното момче има само уште 12 месеци од договорот и може да се пофали со само три меча во дресот на Ливерпул во Премиерлигата, минатата сезона ја одигра на позајмица во втора лига во Мидлзбро.