Ливерпул доби сериозна конкуренција за првата дефанзивна мета!

by 24 фудбал
1 минути читање

Капитенот на Кристал Палас, Марк Гуехи повторно е во центарот на вниманието во Англија. Летоска делуваше дека само формалност го дели од преселба на „Енфилд“, но тренерот на Палас, Оливер Гласнер го закочи трансферот бидејќи не доби зелено светло за соодветна замена во одбраната.

Гуехи без трошка негодување остана во Лондон и продолжи со препознатливите настапи. Формата му донесе стабилно место во репрезентацијата на Англија и повторно го отвори прашањето каде ќе ја продолжи кариерата по истекот на договорот во лето.

Во Англија се уверени дека Ливерпул е најлогичната опција, но приказната добива нова димензија. Германските медиуми објавија дека Баерн Минхен подготвува офанзива за потписот на 24 годишниот стопер. Спортскиот директор на баварскиот клуб, Макс Еберл сака лично да ги започне разговорите со Палас и да го убеди Гуехи дека Минхен е местото каде што може да направи вистински исчекор напред.

Потенцијалниот трансфер добива дополнителна тежина со оглед на тоа што Дајот Упамекано се најде на радарот на Реал Мадрид. Доколку тој замине, Баерн ќе го интензивира притисокот за Гуехи кој станува една од најбараните мети на пазарот пред летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×