Ливерпул даде многу пари и влезе во проблеми, а нив ќе ги решава со уште повеќе пари!

by riste
1 минути читање

Црвените од Енфилд играат изненадувачки лоша сезона, а наталожените проблеми ќе ги решаваат со нови скапи трансфери.

Минатата сезона Ливерпул беше фантастичен и релативно лесно ја освои титулата во Премиер лигата, но оваа сезона не е ниту бледа сенка на тој тим.

А, летниот преоден рок им беше најбогат досега, рушеа рекорди со трансферите на Вирц и Исак, а и другите засилувања не им беа евтини.

Клубот инвестираше многу, но го наруши балансот во тимот, резултатот е очаен.

Последните информации велат дека Ливерпул е подготвен да даде 65 милиони евра за да го ангажира Дајот Упамекано од Баерн Минхен.

Баерн Минхен сака да го продаде Упамекано бидејќи фудбалерот за продолжување на договорот бара неверојатно голема плата која Баварците не се подготвени да му ја дадат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×