Ливерпул опипува терен за ангажман на Такефуса Кубо од Реал Сосиедад, се шпекулира со сума од 60 милиони евра.
Медиумите од Јапонија најавуваат трансфер на Такефуса Кубо од Реал Сосиедад во Ливерпул, преговорите се во завршна фаза и фудбалерот веќе почнал да учи англиски.
Се шпекулира дека „црвените“ се подготвени да одвојат 60 милиони евра за да го ангажираат 23 годишниот офанзивен фудбалер, кој се снаоѓа на сите позиции во форот.
Од една ваква зделка, добро ќе се офајди и Реал Мадрид, на кого му следуваат 50% од трансферот.
Такефуса Кубо важеше за еден од најталентираните фудбалери во својата генерација, четири години беше дел од школата на Барселона, популарната „Ла Масиа“, но мораше да се врати во Јапонија откако „каталонците“ беа казнети за неправилности при трансфери на фудбалери под 18 години.
Кога реши повторно да се врати во Европа, Такефасу Кубо го одбра лутиот ривал Реал Мадрид, каде никогаш не доби права шанса.