Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Ливерпул во последните денови од преодниот рок ќе тргне по потписот на Џаред Брентвајт од локалниот ривал Евертон.
„Црвените“ до овој момент немаат донесено ниту едно засилување ова лето. Клубот од Енфилд води преговори во напредна фаза за трансфер на Гиорги Мамардашвили, но планот е да го купат голманот сега и да го остават во Валенсија на позајмица до крајот на сезоната.
Како што пишува Сан, Ливерпул крои планови за трансфер бомба и сензационална зделка во последните денови од овој месец.
Арне Слот е голем фан на Џаред Брентварјт, па ќе бидат понудени 70 милиони фунти (63 милиони фунти како фиксен дел, плус додатни 7 милиони во бонуси) за ангажман на 21 годишниот дефанзивец.
Евертон и Ливерпул ретко соработуваат на трансфер пазарот, последен кој од сината половина на Ливерпул премина во црвената е Абел Ксавиер во 2002 година.
„Карамелите“ ова лето веќе одбија две понуди од Манчестер јунајтед, и поставија цена од 70 милиони фунти, но сега прашање е дали ќе сакаат да го продадат играчот на лутиот локален ривал.