Ливаковиќ има два ритуали пред секој натпревар на СП

by
1 минути читање

Ливаковиќ со хрватската јавност сподели дека пред почетокот на натпреварите има два ритуали, едниот е поврзан со голманот Данијел Субашиќ кој имаше фантастичен настап за Хрватска во Русија, а вториот е со неговиот покоен дедо.

Данијел Субашиќ имаше фантастичен настап на Светското првенство во Русија, тогаш во мечот против Данска и тој одбрани три пенали како сега што Ливаковиќ го направи тоа со Јапонците.

„Пред секој натпревар се слушам со Субашиќ. Секогаш ме советува, ми помага многу. Еднаш имав лошо додавање, тој ми прати порака на полувреме во која пишуваше да го заборавам моментот“, открива Ливаковиќ.

Вториот ритуал е поврзан со неговиот покоен дедо за кој смета дека е најзаслужен за неговата кариера.

„Секогаш, пред секој натпревар се молам покојниот дедо да ми помогне. Тоа е нешто мое, интимно. Од самите почетоци на мојата кариера тој беше покрај мене, тој е најзаслужен за тоа каде сум денес. Ме научи многу работи, пред се на понизност. И денеска токму понизноста е мојата главна животна вредност“, вели Ливаковиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани