1,8K
Италијанската фудбалска легенда, Марчело Липи кој вкупно девет години беше тренер на Јувентус, е разочаран од работата на Тијаго Мота.
Мота во Јувентус пристигна по фантастична сезона со Болоња, но очигледно поинаку е кога водите гигант. Тоа го потенцира и Марчело Липи.
„Очекував повеќе од Мота, особено во однос на неговиот карактер. Тој е одличен тренер, но клупата на Јувентус е иста како дресот – тежи повеќе“, изјави Липи.