241
Необична трансфер приказна во последниот ден од преодниот рок, вакво нешто не е видено веројатно никогаш, а во главна улога е 20-годишниот фудбалер Ернест Нумах.
Тој не сакал да го напушти Лион, но клубот некако наспроти негова желба успеал да го продаде на Фулам.
Нумах скршен од неправда, плачел за време на медицинските тестови во Фулам, а потоа избегал во непознат правец пред да го потпише договорот.
Ниту неговиот агент не можел да го лоцира, трансферот пропаднал, фудбалерот не потпишал за Фулам.
Сопственикот на Лион, Џон Текстор напишал формално писмо со извинување до Фулам поради начинот на кој пропаднал трансферот.
Ернес Нумах е фудбалер од Гана кој според Трансфермакрт вреди 18 милиони евра.