24-годишниот Лингард кој потекнува од академијата на Манчестер јунајтед, стави потпис на нов договор со клубот.
„Џеси Лингард потпиша нов договор со Манчестер јунајтед кој ќе го задржи во клубот до јуни 2021 година со опција за продолжување на уште една година“ – стои во соопштението на клубот.
Лингард е среќен што ја продолжува соработката со Манчестер јунајтед.
„Манчестер јунајтед отсекогаш бил голем дел од мојот живот. Во клубот сум од мојата седма година и секогаш кога ќе го облечам дресот се чувствувам гордо. Тоа што имам постигнато голови во две финалиња за мојот клуб од детството ме прави многу горд и мене и мојата фамилија“ – вели Лингард.
И Жозе Мурињо изрази задоволство што Лингард останува во клубот.
„Џеси во Манчестер јунајтед е од својата седма година. Тој е интелигентен играч, кога тоа ќе се искомбинира со неговата енергија и способност, го прави фудбалер со одлична иднина. Џеси е популарен член во составот и среќен сум што тој потпиша нов договор“.
Според англиските медиуми платата на Лингард сега ќе изнесува 100.000 фунти неделно, што е за три пати повеќе од таа која ја имаше во претходниот договор.