Џеси Лингард беше стартер за „ѓаволите“ на последните два меча и големите победи против Тотнем и Манчестер јунајтед, натпревари на кои одигра далеку подобро од она што го прикажуваше изминатите месеци.
Во разговор со Дејли Мејл, тој ја откри причината за слабата форма. Англичанецот имал дополтенителни семејни обврски поради тешка болест на мајка му, па ова бреме влијаело на неговите перформанси.
„Јас сум весел човек, се обидувам да ставам насмевка на лицата на другите луѓе, но оние кои ме познаваат забележаа дека нешто се промени кај мене. Бев потиштен и депримиран, со многу грижи. Во еден период ми се чинеше дека сите само ми ги препуштаат работите на мене па имав претежок товар врз плеќите. Беше како, „Повели Џеси, сам среди го ова“. Не играв добро, Солшер бараше повеќе од мене. Па морав да му кажам што ми се случува, тропнав на неговата врата и си ја отворив душата“ – вели Лингард.
Џеси Лингард покрај тоа што се грижи за својата едногодишена ќерка, внимава и на помалиот брат Џаспер (14 години) и сестра Дејзи Бу (11 години).
„Мајка ми подолго време има проблеми, но никогаш не доби права помош. Сега добива. Па затоа се грижам за брат ми и сестра ми. Двајцата се со мене. Тешко ми паѓа тоа што гледам како саканите се мачат, и потоа треба да дојдам на работа и да го дадам најдоброто од себе“.