163
Рио Фердидант,
Овен Гаргривс и Гери Линекер ги коментираа настаните во синоќешните реванш
пресметки во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а триото немаше дилеми во
однос на феноменалната партија на Лионел Меси против Манчестер јунајтед.
Барселона
прогресираше во полуфиналето, а воопшто немаше проблеми во дуелот со
Премиерлигашот, па на БТ Спорт можеа да се слушнат само пофални зборови за
Меси, а неговото мајтапење на теренот со Фил Џоунс не беше изоставено од
коментарите.
Меси го испрати во пензија Џоунс (ВИДЕО)
„Тој неколку пати
си поигра со Фил Џоунс, практично го извозе напред-назад дотолку што дури и му
го олабави завојот на главата“ рече Линекер.