Лил го понижи ПСЖ и го одложи шампионското славје, „светците“ ваков пораз не доживеале 19 години! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Светците“
доминираат во Франција окако клубот премина во рацете на богатите сопственици
од Катар. Обично ПСЖ е тој кој си поигрува со ривалите во Лиг 1 во последните неколку години, но вечерва
избраниците на Тухел доживеја тежок пораз и беа понижени на гостувањето на „Стад Пјер
Морој“.

Лил славеше со
убедливи 5-1 и му го нанесе на ПСЖ највисокиот пораз во првенството на Франција
од декември 2000-та.

Мунје си постигна
автогол во 7. минута за водство на домаќините од 1-0, но „светците“ брзо се
вратија откако Бернат изедначи на 1-1 во 11. минута. Потоа следуваа 20 минути
со големи пехови. Најпрво се повреди Силва, а потоа и Мунје за Бернат да добие
црвен картон за старт со кој го овозможи противникот да се најде во шанса за гол.

ПСЖ и со играч помалку можеше да поведе, на стартот од вториот дел, Керер со глава промаши зицер од пет метри, и по ова им се случи потоп на гостите. Пепе донесе ново водство во 51. минута, потоа Бабма зголеми на 3-1 а пет
минути подоцна Габриел најави катастрофа за ПСЖ.

Конечниот
резултат го постави Фонте во 84. минута од мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×