Лига Европа талична за уште еден тинејџер на Манчестер јунајтед, Гринвуд испиша нова историја (ФОТО)

by
1 минути читање

Во февруари 2016, тогаш прилично анонимниот Маркус Рашфорд во последен момент доби повик за настап против Митјиланд во Лига Европа по повредата на Антони Марсијал, Англичанецот ја зграби укажаната шанса, погоди два пати и стана најмладиот стрелец на Манчестер јунајтед во Европа, подобрувајќи го рекордот на Џорџ Бест.

Три ипол години подоцна, најмасовното европско натпреварување е талично за уште еден тинејџер на „ѓаволите“. 17 годишниот Мејсон Гринвуд вечерва од првата минута го започна мечот со Астана и го постигна својот прв гол во дресот на Манчестер јунајтед.

Младиот Англичанец притоа испиша нова историја, стана првиот играч роден по 2000-та кој постигнал гол за „ѓаволите“, а го собори и рекордот на Маркус Рашфорд и стана најмладиот стрелец на Мачестер јунајтед во Европа. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×