Лига 1 му одговори на Роналдо и удри каде најмногу боли: Кога Меси игра на 38 степени (ФОТО)

by bojan
1 минути читање
Роналдо

Еден од Твитер профилите на француското првенство брутално му одговори на Кристијано Роналдо по изјавите на ЦР7 дека првенството на Суадиска Арабија е поквалитетно од Лига 1.

Кристијано Роналдо повторно го понижи француското првенство откако повтори дека првенството на Саудиска Арабија е подобро од она во Франција.

„Секако дека е подобро и не го велам ова само поради тоа што играм таму. Не ми е гајле што зборуваат другите, можам само да им порачам на луѓето да дојдат и да се пробаат тука, па после нека кажуваат работи. Тука се прават страшни спринтови на 38, 39 или 40 степени, тече пот цело време…“ – изјави Португалецот од Дубаи каде оваа недела се доделуваа награди за најдобрите фудбалери во годината во избор на „Глуоб Сокер Авордс“.

По ваквите коментари, еден од Твитер профилите на Лига 1, брутално му одговори на ЦР7 и удри каде најмногу боли.

Беше објавена фотографија од лутиот ривал Лео Меси и како тој со радува на трофејот од Светското првенство во Катар, каде исто така температурите се високи.

„Кога Лео Меси игра на 38 степени“ – гласеше пораката на профилот на Лига 1 на шпански јазик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани