158
Лидс му врачи отказ на Пол Хекингботом кој имаше само четири победи на 16. натпревари на кои го водеше тимот.
Се шпекулира дека нов тренер на Лидс ќе биде Марсело Биелса, славниот аргентински тренер кој беше селектор на Аргентина и на Чиле, а ги водеше и Атлетик Билбао, Марсеј и Лацио.
Ако Лидс успее да го донесе Биелса ќе покаже голема амбиција за влез во Премиерлигата. Алиоски ќе работи со голем тренер од кој ќе може многу да научи.