Лидс на македонски му се заблагодари на Алиоски за соработката (ФОТО)

by
1 минути читање

Повеќе од извесно
е дека во новата сезона од Премиерлигата нема да имаме ниту еден
интернационалец, откако Лидс и официјално потврди дека се разделува со Езгјан
Алиоски, чиј договор веќе беше истечен со клубот, меѓутоа постоеше можност за
продолжување на соработката.

29 годишниот
Алиоски одигра 161 натпревар за Лидс, клуб за кого постигна и 21 гол, а барем
засега нема ништо официјално во поглед на тоа каде би продолжил популарниот „Џани“.

Лидс денес со
доста почести го испрати својот довчерашен фудбалер, а клубот од „Еланд Роуд“
се потруди и нешто повеќе од тоа, па на социјалните мрежи му се обрати со
зборовите „Ви благодарам“, на македонски јазик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×