13
Челси на Стемфорд Бриџ киксна, одигра само 2-2 против Лидс, ова реми доаѓа по четири последователни победи во Премиер лигата.
Сините поведоа со гол на Жоао Педро во 24. минута, со предност од 1-0 го завршија првиот дел.
Во 58. минута Кол Палмер погоди од пенал за 2-0. Во тие моменти никој не ни помислуваше дека Челси може да ја испушти победата, но токму тоа се случи.
Течеше 67. минута кога Нмека даде гол од белата точка, Лидс намали на 1-2, а Шест минути подоцна Окафор реализираше за конечни 2-2.
Њукасл со 2-1 победи на гостувањето кај Тотнем, а со истиот резултат на гостински терен славеше Борнмут кај Евертон.