Лидс и Алиоски покажаа зошто се лидери во Чемпионшип, но Арсенал победи и оди понатаму (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал со минимални 1-0 го победи Лидс во натпревар од ФА Купот, Алиоски беше стартер на Емирати.

Во првото полувреме Лидс комплетно го надигра Арсенал, имаше и пречка, а Алиоски два пати се најде во шанса но не успеа да погоди.

Арсенал кој со речиси најсилниот состав го играше мечот, се разбуди на почетокот од вториот дел. Советите на Артета вродија со плод и тимот заигра многу подобро.

Иницијативата донесе и погодок, во 55. минута и со фудбалерите на Лидс, Рис Нелсон дојде во шанса и ја искористи, му донесе водство на Арсенал од 1-0.

Алиоски беше изваден во 61. минута, нашиот репрезентативец одигра одлично во првото полувреме.

До крајот на мечот Лидс се обидуваше да дојде до изедначување, Мартинели имаше одлична прилика, но не погоди за поголема предност.

Сепак Арсенал успеа да ја сочува позитивата и да се пласира во следното коло од ФА Купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×