Вардар во текот на овој преоден рок ставил јасно до знаење дека нема намера лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер, Роџерс Мато, откако одби понуда што пристигнала од лидерот во шкотската Премиер лига.
Шкотскиот Хартс, клуб кој сезонава е на одлилчен пат да ја прекине долгогодишната доминација на Ренџерс и Селтик, испратил понуда вредна 350.000 евра до „црвено-црните“, но во таборот на Вардар не размислувале премногу.
„ФК Вардар АД доби понуда за продажба на играчот Кассим Рогерс Мато од екипата на Хартс од Шкотска, во висина од 350.000 евра, која беше одбиена без размислување“, соопштија од редовите на Вардар.
Мато во првиот дел од сезоната блесна со 12 постигнати погодоци, иако се соочи и со повреда. Истата веќе е минато, а од Вардар очекуваатда го имаат на располагање со почетокот на вториот дел од сезоната.