Леви и се’ е можно: Тотнем бара согласност од Покетино за помала плата, до Аргентинецот испратен совет

by
2 минути читање

Поранешниот
англиски напаѓач Ентони Гај Каскарино го советува екс тренерот на Тотнем,
Маурицио Покетино да не прифати намалување на платата од неговиот поранешен
клуб, а наместо тоа, самиот да донира одредени средства, доколку сака да
помогне во кризата со коронавирусот.

Тотнем има доста
контроверзна политика под водство на првиот човек Даниел Леви, клубот од Лондон
во друштво на Ливерпул се посрамотија пред целата светска фудбалска јавност
откако обата клуба со богати каси решија работниците да ги препуштат на државна
сметка, за потоа нивните навивачи да издејствуваат да се преиспитаат одлуките,
за на крајот да следи извинување од двата клуба и повлекување на одлуките.

Леви отиде до
таму што дури и побара од Покетино да прифати помали примања во кризата со
коронавирусот, меѓутоа Каскарино смета дека Аргентинецот има убава можност за
добар гест кон општеството, но, никако кон Тотнем како клуб.

Доколку јас бев
на негово место, да завршев соработка со клубот на таков начин, јас би им рекол
: Не, јас ќе донирам лично, ви благодарам,
јас ќ
е одлучам што да правам со моите пари и каде би завршиле истите“ вели
Каскарино за „Викенд Спортс Брекфаст“.

Покетино се уште
плаќа данок во државава, а луѓето ги повикуваат фудбалерите и тренерите да
прифатат помали плати кога тие веќе се согласија да донираат пари од
сопствените џебови
“ додава тој.

Верувајте,
клубовите од Премиерлигата се премногу „здрави“ од финансиска гледна точка, тие
можат доста успешно да се изборат во една ваква состојба
“ заклучи Каскарино.

Покетино доби
отказ од клупата на Тотнем ланскиот ноември, но клубот и натаму продолжува да
му исплаќа 8,5 милиони фунти на годишна основа додека Аргентинецот не пронајде
нова работа, со оглед на спогодбата помеѓу обете страни за тимот од Лондон да
избегне пенали како обештетување за предвремениот раскин на договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×