Баер Леверкузен и Волфсбург приредија вистинска фудбалска спектакуларна пресметка во 28. коло од Бундеслигата, која заврши со убедлива победа на домаќините од 6-3.
Гостите први го отворија резултатот, откако Винд погоди во 16. минута. Леверкузен возврати преку Грималдо, кој беше прецизен од белата точка по околу половина час игра и донесе израмнување на 1-1.
Сепак, Волфсбург брзо повторно ја презеде контролата. Маеле и Ериксен погодија за водство од 3-1, ставајќи ги домаќините во незавидна позиција. Но, „фармацевтите“ не се откажаа, Грималдо со својот втор гол намали на 2-3 и ја врати надежта.
Во второто полувреме следуваше целосен пресврт. Шик реализираше пенал за израмнување на 3-3, а Тапсоба донесе водство за Леверкузен. До крајот на мечот, домаќините целосно доминираа, Маза и Тилман погодија во финишот и во судиското надополнување, за конечни 6-3 и голема победа за поранешниот шампион.
Останати резултати:
Борусија Менхенгладбах – Хајденхајм 2-2
Фрајбруг – Баерн Минхен 2-3
Хофенхајм – Мајнц 1-2
ХСВ – Аугсбург 1-1
Вердер Бремен – Лајпциг 1-2