Леверкузен лесно го совлада Бохум и ја продолжи трката со Баерн

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Баер Леверкузен нема намера да се откаже од трката за титулата во Бундеслигата и вечерва славеа со 3-1 над Бохум во рамките од 27-то коло.

Вечерва Леверкузен беше без својата најголема ѕвезда Флоријан Вирц, но и во таква ситуација избраниците на Чаби Алонсо немаа проблеми да дојдат до триумфот.

Резултатот го отвори Гарсија во 20-тата минута, а гостите шест минути подоцна дојдоа израмнување.

Во вториот дел Леверкузен со головите на Бонифејс и Адли дојде до триумф со кој сега е на три бода од лидерот Баерн кој утре го игра својот натпревар од ова коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани