Леверкузен го реши Ренџерс во Глазгов па од трибината полета шише пиво кон гостинските играчи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Фармацевтите“ се
чини дека ги решија сите дилеми за четвртфинале уште на првиот меч. Вечерва во
Глазгов го надиграа Ренџерс и стигнаа до победа од 1-3.

Каи Хаверц од
пенал го отвори резултатот во финишот на првиот дел, а Арангиз во 67. минута
зголеми на 0-2. Едмундсон ја врати надежта на домаќините во 75. минута, но во
последните минути од натпреварот, Бејли реализираше за 1-3.

Еден домашен
навивач тешко го прифати поразот, па кога Бејли и соиграчите го прославуваа
голот, од трибината кон нив полета стаклено шише пиво.

На преостанатите
два натпревари од 21 часот, Шахтар со 1-2 триумфираше кај Волфзбург, а
Олимпијакос и Лестер одиграа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×