Дербито во Бундеслигата помеѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен не ги оправда очекувањата и заврши без победник 0:0.
Леверкузен одигра одличен фудбал и доминираше во натпреварот, Баерн во 90 минути успеа да создаде само една полушанса и со таква игра не можеше да очекува да го загрози противничкиот гол.
Од друга страна избраниците на Чаби Алонсо пропуштија најмалку три-четири одлични прилики да го совладаа Нојер кој денеска беше одличен.
По ова коло Баерн останува со осум бода предност во однос на Леверкузен на лидерската позиција.