203
Леванте треба да покрие минус од 16,5 милиони евра. Клубот тоа би го направил со продажба на фудбалери, а наједноставно е преку Енис Барди.
Барди е еден од нивните најдобри фудбалери за кој има интерес од повеќе клубови. Моменталната вредност му е 15 милиони евра, но по Европското првенство таа може и да се зголеми.
Доколку пристигне соодветна понуда за Барди, Леванте може да го продаде и да излезе од минусот без да руши поголем дел од тимот.