Левандовски, Видал и Алкантара влегле во соблекувалната на судијата, полицијата ги вадела! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Унгарскиот судија, Виктор Кашаи беше во центарот на вниманието на вчерашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен откако направи неколку клучни грешки на штета на германскиот тим.

Според шпанските медиуми, ситуацијата отишла до таму да тројца од фудбалерите на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, Артуро Видал и Тиаго Алкантара успеале да влезат во соблекувалната на судијата и со бројни навреди вербално го нападнале.

Ситуацијата се смирила со интервенција на полицијата која буквално ги вадела фудбалерите на Баерн Минхен од соблекувалната на судијата.

Реал Мадрид синоќа победи со 4-2 и се пласираше во полуфиналето, но овој резултат е во сенка на судиската арбитража која е главна тема по натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани