Левандовски: Трансфер во Барса или Реал нема да биде чекор напред за мене

by
1 минути читање

Левандовски вели дека трансфер во Барселона или Реал Мадрид нема да биде чекор напред во неговата кариера.

Полскиот фудбалер често се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но минатиот месец потпиша четири и пол годишен нов договор со Баерн Минхен и ја потврди верноста кон германскиот клуб.

„Баерн е еден од најдобрите клубови во светот, рамо до рамо со Реал Мадрид и Барселона. Трансфер таму нема да значи чекор напред во мојата кариера. Со Баерн можам да ги освојам сите трофеи“ – вели Левандовски.

„Покрај тоа, се чувствувам одлично во Минхен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани