Левандовски сака во Реал, дали Перез ќе го прекрши правилото за Полјакот?

by
1 минути читање

Напаѓачот оваа
недела го крена гласот и јавно ја критикуваше политиката на Баерн Минхен.
Роберт Левандовски порача дека „Баварците“ ќе мора да го одврзат ќесето и да инвестираат
во засилувања од светска класа за да го задржат чекорот со најдобрите во
Европа.

Па ваквото
недоразбирање помеѓу Полјакот и Баерн Минхен одново се актуелизира неговиот
трансфер во Реал Мадрид.

„Кралевите“ се
клубот од соништата на Роберт Левандовски, и според АС, тој чувствува дека ова
е прав момент да си ја оствари желбата и конечно да се пресели на Бернабеу.

Весникот додава
дека голгетерот му наредил на својот агент да му обезбеди преселба во
престолнината на Шпанија, но има еден проблем.

Реал има политика да не ангажира играчи кои имаат 30 години, а Роберт
Левандовски токму следното лето ќе наполни 30.

Останува да се
види дали Флорентино Перез ќе го прекрши ова правило и ќе направи исклучок за
Роберт Левандовски, кој важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот на
фудбалот.

Но ова не е
единствениот проблем, АС исто така додава дека „Кралевите“ во овој момент не го
сакаат Полјакот и внимателно го следат 21 годишниот напаѓач на РБ Лајпцинг, Тимо
Вернер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани