Левандовски призна: Не давал голови за да ѝ заштеди пари на Барселона!

by 24 фудбал
1 минути читање

Роберт Левандовски важи за еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот, но во завршницата на својата прва сезона во Барселона се нашол во необична и чувствителна ситуација. Во сезоната 2022 2023, Полјакот морал да го забави својот голгетерски учинок поради финансиските обврски на каталонскиот клуб.

Левандовски без заобиколување призна дека одлуката не била спортска, туку финансиска и дека целосно ја разбирал ситуацијата во клубот, иако таа директно влијаела врз неговиот учинок.

Бев свесен за ситуацијата во клубот. Во тој момент Барселона се бореше за секое евро. Финансиски не ме погоди, немав никаков проблем со тоа. Но, постојано се прашував дали треба да давам голови или не“, изјави Левандовски.

Со оваа изјава, Полјакот практично потврди дека падот на формата во завршницата на сезоната не бил случаен, туку резултат на јасна насока од клупското раководство, кое поради финансиските проблеми било подготвено да жртвува и спортски аспект за да избегне дополнителен трошок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×