Левандовски ќе одигра уште една сезона за Барса: Веќе се најавува следната дестинација?

by Стефан
1 минути читање

Роберт Левандовски, еден од најдобрите голгетери на модерниот фудбал, како што стојат работите би можел да одигра само уште една сезона во европскиот фудбал.

Полскиот ас, кој во 2022 година пристигна на „Камп Ноу“ и се покажа како одлично засилување полека ја завршува својата епизода во Каталонија.

Иако повеќепати во јавноста истакна дека Саудиска Арабија не е дел од неговите планови во кариерата, тамошните медиуми тврдат дека токму тоа би можело да се случи и Левандовски следното лето да се пресели во азиската држава. Според информации, трансферот е веќе во најава, иако агенцијата што го застапува веднаш ги демантираше тие информации.

„Во овој момент нема апсолутно никакви преговори со ниту еден клуб од Саудиска Арабија, но не исклучуваме можност тоа да се промени во иднина“, соопштија од неговиот тим.

Левандовски зад себе остава сериозна трага во „блауграна“. Во трите сезони со Барса освои две титули во Ла Лига и вкупно пет трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×