Левандовски: Јас сум од генерацијата која можеше да се мотивира со викање, денешните млади фудбалери…

by riste
1 минути читање

Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски вели дека денешните фудбалери не се мотивираат на ист начин како порано, гласното викање на тренерите сега може да има негативен ефект.

Познато е дека во минатото голем број од терените важеа за строги стратези кои викаа во соблекувалните, а фудбалерите мирно слушаа.

Но, веќе не е така, фудбалерите денес не се мотивираат со надвикување. Тоа го кажува и Левандовски.

„Јас сум од друга генерација каде викањето се користеше за мотивација на сите фудбалери. Сега доколку им викаш многу на младите играчи, нивната реакција нема да биде иста. Нема да биде „е ќе ти докажам дека не е така“. Новите фудбалери воопшто не сакаат да им се вика. Ова не се однесува само на фудбалерите, туку на сите млади луѓе“, вели Левандовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×