Левандовски ја завршува кариерата во Шпанија?

by
1 минути читање

„Дон Балон“
пренесе дека напаѓачот на минхенски Баерн, Роберт Левандовски е близу својата
кариера да ја заврши во Шпанија, а полскиот интернационалец би можел да се
пресели во Мадрид.

Левандовски е
еден од најдобрите напаѓачи во фудбалска Европа изминатите неколку години, а
игра одлично и актуелнава сезона каде на 25 натпревари во сите конкуренции
постигна 30 погодоци.

31 годишниот
напаѓач во август годинава се обврза на верност со „Баварците“ до 2023. година,
меѓутоа, „Дон Балон“ известува дека Левандовски е близу трансфер во Реал
Мадрид, нешто што од поодамна се најавува.

Меѓу другото,
шпанскиот медиум додава дека самиот напаѓач има желба својата кариера да ја
заврши играјќи во редовите на „Кралскиот клуб“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×