Левандовски ја откри тајната за неговата добра форма во последно време

by riste
1 минути читање

Роберт Левандовски под водство на Ханси Флик како да се препороди, полскиот напаѓач е во страшна форма.

По девет одиграни кола во Ла Лига, Левандовски е прв стрелец со 10 голови, а има и две асистенции.

„Пред крајот на минатата сезона и почетокот на оваа, направив неколку промени во различни аспекти од мојот тренинг“, открива Левандовски што е причината за добрата форма.

„Исто така имаме многу таленти во составот и верувам дека моја работа е да им помогнам нив да извадат максимум од нивниот потенцијал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани