266
Ѕвездата на Полска, Роберт Левандовски ќе се врати во репрезентацијата откако полскиот селектор Михал Пробјеж поднесе оставка.
Пробјеж и Левандовски влегоа во војна по која напаѓачот се повлече од репрезентацијата и рече дека нема да игра за националниот тим додека тој е селектор.
Проблемите почнаа откако селекторот реши да му ја земе капитенската лента на Левандовски.
На напаѓачот тоа не му се допадна и одби да игра за репрезентацијата.
Полска загуби на гостувањето од Финска со 2-1 во квалификациите за Светското првенство, а некој ден подоцна селекторот даде оставка.
Ова значи дека Левандовски ќе се врати во репрезентацијата на Полска.