Левандовски доби вртоглава понуда од Саудиска Арабија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Роберт Левандовски доби огромна понуда од Саудиска Арабија, а тоа може да претставува сериозен проблем за Барселона. Според „Ел Национал“, 37-годишниот полски напаѓач има на маса двегодишен договор вреден 100 милиони евра, односно по 50 милиони по сезона, со дополнителни бенефиции за него и неговото семејство.

Засега не се знае за кој клуб станува збор, а тоа стана веќе честа пракса за Саудијците кои имаат „неброени“ средства за фудбалските клубови.

Левандовски, кој пристигна во Барселона од Баерн Минхен во 2022 година, има важечки договор со каталонскиот клуб до летото 2026 година. Сепак, ваквата астрономска понуда може сериозно да ја промени неговата иднина на „Камп Ноу“.

Доколку замине, тоа ќе биде сериозен удар за плановите на Флик, кој на полскиот голгетер смета како на клучен играч во нападот за сезоната 2025/26.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×