Ѕвездата на
Арсенал, Месут Озил според информациите кои што пристигнуваат од Островот, ја
одбил понудата од германскиот селектор Јоаким Лев да дискутира околу неговата
одлука да се повлече од репрезентацијата.
„Билд“ пишува
дека Лев се обидел да стигне до Озил за да разговара со него, но, не добил
повратен одговор од 29 годишниот фудбалер на Топчиите.
Селекторот на
Панцирите откако пристигнал во Лондон, веднаш заминал на тренинг центарот на
Арсенал во Лондон, но, неговото барање да влезе на истиот било одбиено од
клубот, по наредба на шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот, Унаи Емери.
Озил својата
одлука да се пензионира од репрезентацијата на Германија ја донесе во јули
годинава по крајот на Светското првенство во Русија, тој доби големи критики на
негова адреса поради изданијата, а Германија за прв пат по 1938. година не
успеа да ја мине групната фаза од Мундијалот.
Познато е дека
фудбалерот на Арсенал претрпе големи критики поради фотографијата со турскиот
претседател Реџеп Тајип Ердоган, критики стигнаа дури и од првиот човек на
германскиот фудбал, Рејнхард Гриндел, а ѕвездата на Топчиите во своето
соопштение до јавноста, објавувајќи ја одлуката за повлекување, посочи дека се
работи за расизам и непочитување кон него.