Летово играше против Шкендија, а сега ФЦСБ го продава за 10 милиони евра!

by 24 фудбал
0 минути читање

Стеауа Букурешт може среде сезона да остане без еден од најдобрите играчи во тимот.

Романскиот првак тешко дека ќе може да одолее на понуда од 10 милиони евра за услугите на Даниел Бирлигеа. За напаѓачот загриза Ал Калеј од Саудиска Арабија кој не сака да ја исплати клаузулата од 15 милиони, ама е подготвен да понуди нешто помалку.

Бирлигеа е еден од носителите на играта на ФЦСБ, летово играше дури и во реваншот со Шкендија во кој запиша асистенција.

Сезонава имаше мал проблем со повреди, а на 22 натпревари даде седум гола и пет асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×