1,2K
Македонската женска фудбалска репрезентација денеска претрпе пораз во рамките од второто коло во Лигата на Нации.
По поразот од Косово во првото коло со 0-4 денеска во Скопје се радуваа фудбалерките на Летонија со 1-2.
Летонија прва дојде до водство уште во втората минута преку Миксоне, но потоа Македонија ја презема контролата и имаше иницијатива. Таквата игра донесе резултат во 31. минута кога Максути стрелаше за израмнување.
Во второто полувреме, Македонија беше многу подобар противник, два пати погодивме и пречка преку Андонова и Макусти, а кога не ги искористивме шансите стигна казната.
Миксоне во 81. минута постигна и втор гол за победа на Летонките.