Македонската фудбалска репрезентација денеска гостува на Летонија во меч од третото коло во Лигата на нации, целта на момците на Благоја Милевски се трите бода од овој дуел.
Традицијата вели дека Македонија кога игра со Летонија секогаш победува. Досега сме имале три меѓусебни дуели и секогаш сме излегувале како победници.
Во 2019 година двапати сме играле во квалификации за ЕП, мечот во Скопје сме го добиле со 3-1, а во Рига сме славеле со 3-1. Имаме и еден пријателски дуел во кој сме победиле со 2-1.
Најголемиот дел од македонските репрезентативци не се стандардни во своите клубови. Но, недостатокот на минути во клупскиот фудбал ќе се обидат да го надополнат со добра игра во репрезентацијата иако секогаш е подобро тие да се во полна натпреварувачка форма.
Милевски нема да може да смета на повредените Александар Трајковски, Дарко Чурлинов и Кристијан Трапановски, но против Летонија не може да играат ниту суспендираните Ѓоко Зајков и Никола Серафимов.
Како и да е, целта вечерва е да се прокнижат нови три бода и да се остане на првото место во нашата група од Лигата на нации.
Натпреварот меѓу Летонија и Македонија се игра од 18 часот.