Летна уште една „глава“ во Премиерлигата: Каранка доби отказ

by
1 минути читање

Поради лошите резултати во 2017 година по кои тимот влезе во зоната за испаѓање, раководството на Мидлзборо му врачи отказ на Аитор Каранка.

„Мидлзборо денеска може да потврди дека се раздели со главниот тренер Аитор Каранка. По долга дискусија, двете страни се сложија дека во најдобар интерес е да биде направена промена. Сакаме да му се заблагодариме на Аитор за неговата напорна работи во изминатите три и пол години, за успехот кој го направи во тој период. Му посакуваме се најдобро во иднина“ – стои во соопштението на клубот.

„Сакам да му се заблагодарам на Мидлзборо за прекрасната можност која ми ја даде, благодарност и за играчите, персоналот и сите луѓе во клубот со кои работев. Сакам да им се заблагодарам и на фановите за нивната поддршка. Овој клуб секогаш ќе има посебно место кај мене, на сите поврзани со Мидлзборо им посакувам се најдобро во иднина“ – изјави Каранка.

Каранка во недела требаше да има нов дуел со својот добар пријател Мурињо, но тоа нема да се случи. Тимот привремено ќе го води асистентот Стив Агњу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани