Лестер во проблеми, може да му бидат одземени бодови

by Стефан
1 минути читање

На екипата Лестер би можеле да и се одземат бодови што би било голем проблем за „Лисците“ кои се во битка за опстанокот.

Во прашање е познат прекршок за правилата на одржливост. Некогашниот шампион е во загуба од 92.5 милиони фунти во 2022 година и 90 милиони фунти во 2023 година и тоа го надминува лимитот на загуба кој е до 105 милиони фунти во три години.

Проблеми имаше Лестер и минатата сезона, но тогаш успеа да се извлече понесувајќи финаниски извештај откако го загуби местото во Премиер лигата, но ограничувањата за клубовите во Чемпионшип се многу помали во однос на англиската елита.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани