Лестер беше една од многуте екипи во фудбалска Европа
која беше заинтересирана во изминатото лето да се засили со македонскиот
репрезентативец Езгјан Алиоски, кој на крајот се реши да стави потпис на договор со
Чемпионшиплигашот Лидс.
Вечерва во рамките на Лига Купот на Англија, во рамките
на осминафиналната рунда од ова натпреварување Лидс гостува токму кај Лестер.
Дел од медиумите на Островот пишуваат дека Алиоски вечерва
ќе има можност да потврди зошто имаше интерес од Лестер, кој во нашиот 25 годишен
офанзивец гледаше идеална замена за Ријад Марез, за кого се шпекулираше дека ќе
си замине од тимот, но до тоа не дојде, барем не во изминатиот преоден рок.
Популарниот „Џани“ има посебна мотивација вечерва, а евентуален негов блесок на „Кинг Пауер“ може да доведе елиминација на Лестер и каење кај клубот за тоа што пропуштил изминатиов летен преоден рок.
Алиоски во 11 настапи за Лидс сезонава постигна еден гол,
истиот беше прогласен за гол на месецот во англиската Чемпионшиплига.
Познато е дека поранешниот шампион на Англија пријавил
интерес за нашиот фудбалер пред тоа да го направи Лидс.
Извор: hitc.com