Лестер се огласи по повод гласините дека Клаудио Раниери може да добие отказ

by
1 минути читање

Лестер не е ни бледа сенка од минатата сезона, никој не очекуваше дека и оваа година ќе се борат за трофејот, но формата е полоша од сите предвидувања.

Поради тоа чести беа гласините дека клубот подготвува отказ за Раниери, но од Лестер преку соопштение ги демантираат таквите написи.

„По повод неодамнешните шпекулации, Лестер сака апсолутно јасно да ја искаже својата безрезервна поддршка за Клаудио Раниери“ – се вели во соопштението.

„Во клубот има колективна заложба од секој да се поправи актуелната форма, неверојатниот успех во изминатите сезони се базира на стабилност, заедништво и посветеност да се надминат и најголемите пречки“.

„Целиот клуб ќе остане обединет зад менаџерот и фудбалерите, колективно и цврсто фокусирани сме на предизвиците кои претстојат“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани