Лестер му пресуди, Вест Хем му даде отказ на Пелегрини!

by
1 минути читање

Вест Хем има лоша сезона, по 19 одиграни натпревари имаат освоено само 19 бодови и се наоѓаат на еден бод над екипите кои испаѓаат.

Отказот за Пелегрини се подготвуваше веќе некое време, а поразот од Лестер само ја прели чашата.

„Со големо разочарување требаше да ја донесеме оваа одлука. Мануел е џентлмен и беше вистинско задоволство да се работи со некој од негов калибар“, вели ко-сопственикот Дејвид Саливен.

„Како и да е стана јасно дека е потребна промена за клубот да се врати на вистинската патека со нашите амбиции оваа сезона. Сметавме дека е неопходно да реагираме сега со цел да му дадеме колку што е можно повеќе време на новиот тренер да ја оствари таа цел“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×